Варуфакис: Атина ќе постигне договор со кредиторите (видео)

Варуфакис: Атина ќе постигне договор со кредиторите

Без разлика на исходот на Референдумот во Грција, Атина ќе постигне договор со кредиторите.

Министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис во изјава за Би Би Си вели дека постојат „100-процентни шанси“ Атина да постигне договор со меѓународните кредитори по референдумот закажан за в недела.

Пред само еден ден тој изјави дека подобро „ќе си ја отсече раката“ отколку што би потпишал договор со кредитори кој не одговара.

На прашањето дали во понеделник по референдумот банките во Грција ќе бидат отворени, грчкиот министер за финансии категорично одговори дека тоа ќе се случи во вторник.

– Договорот ќе биде постигнат без оглед дали одговорот на референдумот ќе биде – да или не, изјави тој за Би-Би-Си.

– Ако победи опцијата „да“, тоа ќе биде лош договор, банките ќе бидат отворени со лош договор. Ако победи „не“, ќе имаме поинаков договор кој ќе биде одржив во согласност со предлозите кои ни се упатени во изминатите денови, нагласи Варуфакис.

Ципрас: Грција по референдумот ќе ги продолжи преговорите
Ципрас: Грција по референдумот ќе ги продолжи преговорите

Тој остро ја критикуваше политиката на штедење применета во Грција во изминатите пет години и продолжувањето на преговорите со кредиторите.

– Имаме многу лош систем на управување. Тоа не е начин на раководење со монетарната унија. Тоа е комедија, грешка веќе пет години, а Европа замижува и продолжува со сето тоа, изјави Варуфакис во интервјуто за Би-Би-Си.

Според Варуфакис „можеби нештата треба многу повеќе да се влошат пред да се подобрат“, но изрази уверување дека на крајот договор ќе биде постигнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.