Варуфакис бара време за нов договор со европските партнери

Имаме потреба од малку време, за да ја појасниме позицијата на Владата на различните партнери, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис на заедничката прес-конференција со францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

Варуфакис побара време до крајот на месецот за да ги стави на маса деталните предлози.
– Потоа, во рок до еден месец, можеби шест седмици, би можеле да постигнеме договор – додаде тој.
Сапен го повтори предлогот на Париз да посредува за нов договор меѓу Атина и нејзините партнери, но го исклучи простувањето на долгот.