Варуфакис: Грција е одлучна да остане во еврозоната

Министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис изјави синоќа дека неговата земја е одлучна во намерата да остане во еврозоната и опти Владата во Атина одбива и да размислува за можноста од неа да излезе, пренесува МИА.

На прашање на форум во Вашингтон што Грција прави во разговорите  со кредиторите за да избегне Грекзит – излегување од еврозоната – Варуфакис рече дека неговата влада одбива да ја разгледува таа опција, пренесува Танјуг.

– Поигрувањето со Грекзит е крајно антиевропски, оцени Варуфакис во Брукингс институтот, пренесува Танјуг.

– Нашиот единствен разумен проевропски одговор е да го минуваме секој буден момент во обид да постигнеме чесен договор, изјави грчкиот министер.

Сепак, тој нагласи дека Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд треба да имаат основа за своите барања за реформи, бидејќи претходниот пристап кој подразбираше остри мерки на штедење не вроди со плод.

– Го пробавме тој лек, ама не дејствуваше, рече Варуфакис.

– Нема да се посветиме на цели за кои знаеме дека нашата економија не може да ги исполни, поради политиката која нашите партнери нема да сакаат да ја спроведат.