Балкан

Варуфакис: Грција е решена да остане дел од еврозоната

Варуфакис: Грција е решена да остане дел од еврозоната
Варуфакис: Грција е решена да остане дел од еврозоната

Грција направи се што може за да се приспособи на „чудните барања“ на кредиторите, изјави денеска министерот за финансии Јанис Варуфакис во интервју за ирска радио станица „РТЕ“.

– Грција е решена да остане дел од еврозоната, истакна грчкиот министер.

Варуфакис, исто така, рече дека понудата на доверителите е „јасно неисплатлива“, подвлекувајќи дека камен на сопнување во преговорите се пензиите и повисоките даноци на островите.