Варуфакис им објави војна на богатите Грци

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не ја исклучи денеска можноста да биде усвоен „вонреден данок“ за оние кои можат да платат, за да бидат обезбедени балансирани буџети, пренесе МИА.

– Се ангажиравме да имаме балансирани буџети. Ако бидам принуден да наложам вонреден данок, ќе го направам тоа, но тој ќе биде за оние кои можат да го плаќаат. Нема да бараме пари од оние кои страдаат, изјави министерот.

– Се интересираме за оние кои располагаат со пари и никогаш не плаќале данок. Треба да се најде решение, за да бидат натерани да платат оние кои имаат пари, рече тој.

Варуфакис изрази желба европските партнери „да помогнат на Грција, преземајќи дејствија во сопствените компании, а не само да ни даваат лекции“.