Варуфакис: Исплатата на долговите кон ММФ, приоритет за Грција

Грција планира да отпочне разговори со кредиторите за одложување на долгот, за да го направи поднослив, работејќи во исто време на реформските мерки кои треба да бидат дефинирани до април, изјави синоќа грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, пренесе МИА.

Варуфакис нагласи дека исплатата на долговите кон ММФ, од кои некои доспеваат во март, ќе биде приоритет за Грција, додека долговите кон Европската централна банка (ЕЦБ) припаѓаат кон различна категорија и за нив ќе мора да разговараме со нашите партнери и институции.

Варуфакис, сепак, истакнува дека Грција не би била првата земја која не ги исполнила обврските кон ММФ.

Грција во март треба да исплати на ММФ 1,5 милијарди евра, а на лето 6,7 милијарди евра кон ЕЦБ, а поради проблеми со ликвидноста ќе има проблеми да го оствари тоа.

фото: straitstimes.com