Варуфакис ја критикува австриската политика кон бегалците

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис остро ја критикуваше политиката на австриската влада кон азилантите.

Се срамам поради развојот во Австрија, нагласи тој на пресконференцијата во Виена, пренесува Танјуг.

Варуфакис додаде дека се срами поради Австријанците што се противе бегалците, како и поради тоа што австриската војска била распоредена на македонската граница. Тој исто така изрази загриженост поради растот на национализмот како во Грција, така и во Австрија.

Според неговите зборови најголем проблем е тоа што на ЕУ и недостасува интегритет.

По колапсот државите членки почнаа да покажуваат со прст една кон друга. Неопходно е да се почне повторно да се размислува за значењето на демократијата, порача тој.