Варуфакис ја спореди ситуацијата во Грција со онаа во повоена Германија

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ја повика германската канцеларка Ангела Меркел да му даде „ збор на надеж“, како тој што го доби Германија по завршувањето на Втората светска војна, што на Грција ќе и покаже дека Европа е подготвена да престане со своите барања за штедење, пренесе МИА, повикувајќи се на БТА.

Варуфакис на својот блог ситуацијата во Грција ја спореди со онаа во повоена Германија, кога во 1946 година тогашниот американски државен секретар Џејмс Барнс, одржа историски говор. Неговиот говор во Штутгарт го означи откажувањето од политиката на казнување на Германија, поддршка од државите кои воени ја победија, и на германскиот народ му предложи перспектива за раст и обнова, посочува Варуфакис на својот блог.

-Седум децении подоцна, мојата земја, Грција, има потреба од таква можност, изјави грчкиот министер за финансии. „Поголеми штедења се бараат од една економија што веќе е клекната на колена, благодарение на најтешката доза економски мерки што една земја во мирновремени услови некогаш била принудена да ги поднесе“, посочи Варуфакис.