Балкан

Варуфакис: Ќе има договор со меѓународните кредитори

Варуфакис: Ќе има договор со меѓународните кредитори

Грција ќе постигне договор со меѓународните кредитори, иако тоа можеби нема да се случи на претстојниот состанок на министрите за финансии од еврозоната, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, обајви МИА.

– Ќе има договор. Меѓутоа тоа не значи дека договорот ќе се случи на Еврогрупата в петок, истакна Варуфакис.

Грчкиот министер нагласи дека постојат јасни знаци на приближување.