Варуфакис ќе учествува на следната средба на министри за финансии од еврозоната

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакс има поддршка од премиерот Алексис Ципрас и ќе учествува на следната средба на министрите за финансии на земјите од еврозоната, изјави денеска владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис, објави весникот „Катимерини“, пренесе МИА.

– Шеф на преговарачкиот тим е Варуфакис, кој има целосна доверба од Владата, истакна Сакеларидис.

Варуфакис остана во заден план во тимот на Грција кој преговара со меѓународните кредитори, откако премиерот Ципрас изврши промени во составот.

Премиерот Алексис Ципрас минатата недела одлучи да го именува заменикот министер за надворешни работи Евклидис Цакалоос како координатор на работата на тимот за преговори, иако официјален шеф на тимот останува Варуфакис.