Варуфакис: Не е исклучена можноста за референдум за договорот со кредиторите

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не ја исклучува можноста за организирање на референдум ако Атина постигне договор со кредиторите, за реформите што Грција треба да ги спроведе, за да добие финансиска помош, пренесува МИА.

– Не можам да ја исклучам таквата можност. Договорот што ќе го постигнеме со партнерите, ќе биде претставен пред Парламентот, но не би била лоша идеја да има и референдум за него, истакна Варуфакис.

Тој оцени и дека ако договорот со кредиторите не биде постигнат до крајот на април, тоа би можело да се оцени и како пораз за Европа.

фото: bloomberg.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.