Балкан

Варуфакис негира дека направил навредлив гест кон Германија

Варуфакис негира дека направил навредлив гест кон Германија

Грција има мали проблеми со ликвидноста и не треба поради такви незначителни проблеми да се подели Европа, изјави министерот за финансии, Јанис Варуфакис, пренесува МИА.

Варуфакис категорично ги отфрла тврдењата дека упатил навредлив гест кон Германија, објави веб страницата „њуз.ин“.

Во интервју за германскиот телевизиски канал Варуфакис ги негира обвинувањата дека покажал среден прст на Германија, истакнувајќи дека видео материјалот со него бил фалсификуван.

Предметниот видео-запис предизвика вистинска „бура“. Во него се користи изјава на Веруфакис од 2013 година во кои се претпоставува дека сегашниот министер за финансии покажал среден прст на Германија.

Јанис Варуфакис бил прикажан во ударен термин на германската телевизија АРД во неделата вечер, додека водителот Гунтер Јух ги повторил позициите на Атина во преговорите со кредиторите.

– Видео материјалот е фалсификуван, изјави грчкиот министер за финансии, категорично негирајќи дека направил таков гест.

Во врска со тоа германскиот водител изјави дека станува збор за видео на Варуфакис во Загреб во 2013 година. Грчкиот министер, повторно нагласи дека никогаш не направил таков гест.

Германскиот „Билд“ денеска се повикува на „експерти“ кои тврдат дека снимките се автентични и не се фалсификувани.