Варуфакис оптимист дека Грција ќе постигне договор со Еврогрупата

Грција е и ќе остане во еврозоната, и еврозоната е неделива, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис по состанокот на Еврогрупата во Брисел.
На прес-конференцијата по состанокот, Варуфакис изрази оптимизам дека на крајот ќе биде постигнат договор.
Варуфакис рече дека вистинската причина поради која не дошло до договор било несогласувањето за суштината на програмата, истата онаа која не успеа да ја стабилизира Грција, создаде хуманитарна криза и реформите ги направи многу тешки за имплементирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.