Варуфакис: Повлекувањето на Грција од еврозоната не е добро решение

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис отфрли денеска повлекување на Грција од еврозоната истакнувајќи дека тоа не би било рационално решение за грчката должничка криза. Според него, единствен начин за напредок е реструктуирање на долгот, објави МИА.

– Отфрлам излегување на Грција како рационално решение, изјави Варуфакис за Билд. Тој додава дека дека во разговорите мора да се вклучи и германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Договор може да биде постигнат за една ноќ. Но, канцеларката треба да учествува, вели Варуфакис.

– Треба да почнеме од почеток. Мора да направиме чистење, наведува Варуфакис.

– Не сакаме веќе никакви пари, вели тој во изјавата за Билд.

Грчкиот министер за финансии вели дека Атина е подготвена да се согласи на договор со кој ќе биде реструктуиран долгот на државата. Во Брисел синоќа беа завршени преговорите на Грција и претставници на ЕУ и ММФ без договор