Варуфакис се заложи за „интелегентно реструктуирање“ на долгот на Грција

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис се заложи за „интелегентно реструктуирање“ на долгот на Грција, признавајќи дека отпишувањето на долгот е неприфатливо за кредиторите, пренесе МИА.

– Отпишувањето е тежок збор. Го разбирам тоа. Како што ние не сакаме да го слушаме зборот „тројка“, така нашите кредитори не сакаат да слушаат за зборот „отпишување“. Го разбирам тоа, вели Варуфакис за германскиот весник „Ханделсблат“.

– Има поинтелегентни решенија, додаде грчкиот министер.

– Можеме да на пример да претвориме дел од кредитите, кои ги добивме од Европскиот фонд за финансиска стабилност, во обврзници, чиј пад и исплата да бидат индексирани според развојот на нашиот БДП, рече Варуфакис.

Партнерите на Грција се согласија минатата седмица да ја продолжат до јуни програмата за помош на земјата. Дотогаш Атина и партнерите треба да постигнат нов договор и владата на Алексис Ципрас да изврши серија реформи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.