Балкан

Варуфакис тврди дека за две недели ќе биде постигнат договор со кредиторите

Варуфакис тврди дека за две недели ќе биде постигнат договор со кредиторите

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека Грција ќе постигне договор со своите кредитори во текот на наредните седум до 14 дена.

– Циклусот на несигурност мора да се затвори, рече тој во интервју за Би-Би-Си , додавајќи дека иако нема да биде постигнат договор за финансиска помош на состанокот на Еврогрупата во понеделник, „сигурно ќе има договор во текот на следните неколку недели или слично“, пренесува МИА.

Варуфакис исто така изјави дека останува „главен преговарач на грчката Влада“, и оти ќе ја претставува Грција на состанокот. Тој воедно го отфрли сценариото за излез на Грција од еврозоната и рече дека неговите односи со европски колеги остануваат „извонредни“.