Вашата среќа во љубовта зависи од името што го носите

Резултатите од последните истражувања на една интернет компанијата за посредување во пронаоѓањето „сродни души“ покажале дека името што го носи еден човек влијае на квалитетот на неговиот љубовен живот и секс.

Анкетата е спроведена во Барселона, Њујорк и Париз и врз основа на неа, компанијата направила топ листа на „атрактивни“ имиња кога се во прашање љубовта и сексот.

Така, во Барселона најдобар љубовен живот имаат мажите по име Марк, Давид, Жорди, Алберт и Алекс и жените кои се викаат Лаура, Марта, Кристина, Ана и Андреа.

Во Њујорк најмногу „среќа во љубовта“ имаат мажите кои ги носат имињата Мајкл, Мет, Бен, Џејсон и Сајмон и жените со име Аманда, Никол, Џесика, Александра и Кејти.

Во Парзз љубовната среќа им е најнаклонета на мажите по име Луј, Адриен, Жилиен, Винсент и Александар и на жените кои се викаат Мари, Камил, Сара, Шарлот и Полин.