сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Вашчиковски: Сириските бегалци треба да се вратат и да ја бранат својата земја

Вашчиковски изјави дека сака да ја избегне ситуацијата во која „ние испраќаме наши војници да се борат во Сирија, додека стотици илјади Сиријци го пијат своето кафе на берлинскиот булевар или во некој друг европски град“.

Вашчиковски: Сириските бегалци треба да се вратат и да ја бранат својата земја

Вашчиковски: Сириските бегалци треба да се вратат и да ја бранат својата земја

Последни вести

Новиот полски министер за надворешни работи, Витолд Вашчиковски изјави дека стотици илјади сириски бегалци, кои пристигнуваат во Европа би можеле да создадат армија и да се вратат да ја ослободат својата татковина.

Вашчиковски за Полската телевизија изјави дека е подобро бегалците да бидат ангажирани на тој начин, отколку да пијат кафе на некоја берлинска авенија или во другите европски градови.

– Стотици илјади Сиријци неодамна пристигнале во Европа. Ние можеме да им помогнеме да создадат армија. Десетици илјади млади луѓе излегоа од чамците со ајпад во рацете и наместо да бараат пиење и храна, тие бараа каде можат да го дополнат своите мобилни телефони. Тие можат со наша помош да одат да се борат и да ја ослободат својата земја, изјави министерот, кој својата функција официјално ја презеде денеска.

Вашчиковски изјави дека сака да ја избегне ситуацијата во која „ние испраќаме наши војници да се борат во Сирија, додека стотици илјади Сиријци го пијат своето кафе на берлинскиот булевар или во некој друг европски град“.

Најчитани вести