Вашата омилена боја кажува многу за вас

Која ти е омилена боја? – е прашање кое не следи уште од раното детство. Можеби како деца потсвесно сме знаеле дека со откривањето на нечија омилена боја дознаваме многу повеќе за тоа лице. Било да се работи за енергична портокалова или смирувачка сина боја, изборот на бои може да ни помогне во откривањето на нечиј карактер. Бети Вуд, авторка на книгата The Healing Power of Color, (Исцелителна моќ на боите), открива дека нашите омилени бои зборуваат за нас самите.

Бела

Белата е симбол на чисто, невиност и наивност, често се поврзува со младоста. Ако сте постаро лице, вашиот избор на бела боја може да значи дека копнеете по совршенство и неостварени идеали. Можеби дури и сакате повторно да ја вратите изгубената младост и свежина. Исто така, белата боја симболизира желба за едноставност.

Црвена

Оваа боја претставува сила, здравје и виталност. Често ја избираат екстровертни, агресивни и импулсивни лица, или пак лица кои би сакале да ги постигнат тие особини. Се поврзува со амбициозен карактер, одлучни да искористат се што им пружа животот. Можат брзо да ги оценат луѓето и да одберат страна на која ќе се приклонат. „Црвените лица“ обично се оптимисти кои тешко поднесуваат монотонија, немирни се и можат да бидат несвесни за сопствените недостатоци. Тешко постигнуваат објективен став, а поради тоа можат да обвинуваат други за какви било  непријатности, иако можеби и самите се дел од проблемот. Тивките лица кои преферираат црвена боја можат да имаат потреба за топлина, сила и останатите карактеристики на оваа боја. Црвената обично е боја на тие со отворен и едноставен карактер кои го сакаат животот.

Костенлива

Тешките искуства веројатно ги обликувале овие лица во дарежливи и симпатични луѓе. Обично оваа боја ги краси луѓе кои поминувале тешки борби низ животот, но сепак успеале да се извлечат. Може да означуваат дисциплинирани лица, кои созреале покрај разните животни искуства.

Розова

Оваа боја е понежна карактеристика на црвената, симболизира љубов и чувства без страст. Жените кои сакаат розова боја имаат мајчински склоности. Розовата означува заштита, посебно внимание и ситуиран живот. Исто така розовите лица бараат љубов и сакаат да се чувствуваат сигурно, можеби дури сакаат да се сметаат за деликатни и слаби. „Розовите лица“ сакаат да бидат шармантни и меки, можеби помалку и недефинирани.

Портокалова

Ова е боја на луксуз и луѓе кои сакаат да си угодуваат. Портокаловата обично ја бираат социјални лица кои сакаат да се забавуваат. Портокаловите лица обично се многу популарни и имаат добар карактер, иако понекогаш можат да драматизираат. Понекогаш можат да бидат помалку превртливи и неодлучни, но сепак се трудат да се согласат со останатите околу нешто. Портокаловата е боја на младост, сила, храброст, љубопитност и немир.

Жолта

Боја на среќа, мудрост и имагинација. Често ја бираат авантуристи кои сакаат нешто ново и сакаат самите да се исполнат. Обично добро оди со весели лица кои имаат добра смисла за хумор, но и чувство за работа. Жолтата означува интелект и се што е поврзано со умот, поради тоа жолтите лица најчесто се прецизни мислители кои имаат свој став за се, како и ум полн со многу идеи. Понекогаш дури можат да се сметаат за неодговорни бидејќи често бираат слобода на своите мисли и делување.

Зелена

Боја на хармонија и урамнотеженост, зелената симболизира надеж, обнова и мир. Често ја сакаат лица со мирен и искрен карактер. Зелените лица најчесто размислуваат за заедница, друштвени се, но сеедно преферираат мир по секоја цена. Понекогаш лесно можат да бидат искористени бидејќи се скромни, трпеливи и не се ставаат на прво место. Обично се цивилизирани, фини и со добар углед.

Сина

Мека, сочувствителна и грижлива боја. Означува лишеност од слободата и интроспекцијата, конзервативноста и обврските. Сините лица често се предмет на восхитување поради својот цврст карактер и мудроста. Нивни особини исто така се трпеливост, истрајност, совесност и самоконтрола. Обично се многу верни и лојални лица, но понекогаш можат да бидат сомнителни и да влезат во конфликти поради своите нефлексибилни ставови.

Сиво-зелена

Дискриминаторска, сталожена и атрактивна, боја која бара многу. Сиво-зелената ги краси лицата кои се чувстителни, со изразен интелект, стабилен карактер и цврста личност. „Сиво-зелените“ лица имаат одличен вкус и обично се средени, љубезни и способни. Често одбиваат какво било  водство па дури и совети.

Тиркизна

Комплексна, фантазерска и оригинална боја. „Тиркизните лица“ обично го бираат потешкиот начин па од надвор можат да остават впечаток на студени лица, додека всушност внатре во нив се одвиваат разни превирања.

Боја на лаванда

Оваа боја обично ја бираат лица кои живеат на висока нога, никогаш не забележуваат ништо лошо и не се приземни, секогаш се бескомпромисни и убаво облечени. Лицата кои ја сакаат оваа боја секогаш избегнуваат да ги извалкаат рацете иако имаат возвишени и племенити намери. Обично се креативни, шармантни, цивилизирани и вицкасти.

Виолетова

Луѓето кои ја сакаат оваа боја можат да се опишат како индивидуалци, а ги красат досетливост, чувствителност и желба да бидат единствени и поинакви од другите. Темпераментни се и обично талентирани за уметност. Кога погрешно се сфатени можат да станат саркастични. Ако бирате волетова боја, се стремите кон тоа да бидете нековенционални, толерантни и достоинствени и да постигнете високи позиции во општеството.

Кафена

„Кафените лица“ ги красат издржливост и трпеливост. Се трудат да бидат со цврст карактер, совесни, независни, лојални и конзервативни. Не се импулсивни и понекогаш дури им недостасува малку тактичност. Сакаат одговорност, љубезни се и на нив можете да сметате. Ако бирате кафена боја внимавајте да не станете премногу непопустливи и тврдоглави.

Сива

Сивата боја е внимателност и компромис. „Сивите лица“ обично се мирни и прибрани и често тешко работат дури и без награда за тоа. Младите лица кои бираат сива боја како да се повлекуваат од животот, притоа потиснувајќи ја својата способност. Во постари години „сивите лица“ сакаат животот да им тече со вообичаен тек, со неколку помали подеми и падови. Лицата кои бираат сива боја често можат да бидат работохоличари, кои многу се оддаваат на работата.

Црна

Црната е достоинствена и импресивна без наметнување. Лицата кои бираат црна боја сакаат да остават помалку таинствен впечаток, а нивниот избор на црна боја може да значи потиснување на желбите и животните цели, што упатува на нивната внатрешна длабочина и неоткриени желби.