Вашингтон и се закани на Москва со нови санкции

Вашингтон и се закани на Москва со нови санкции, нагласувајќи дека доколку Русија не прекине да ги поддржува сепаратистите во источниот дел на Украина, тоа ќе ја чини уште поскапо, пренесе МИА.

– Додека Русија не прекине јавно да ги прекршува преземените обврски, цената за тоа ќе продолжи да се зголемува, изјави потпретседателот на САД Џо Бајден во телефонски разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Истовремено, Белата куќа ги осуди „сепаратистите поддржани од Русија и убиствата на цивили за време на нивната офанзива во источниот дел на Украина“.

Русија постојано демантира дека ги поддржува сепаратистите во Украина, упатувајќи остри критики против мерките на Западот.

фото:МИА