Вашингтон не очекува многу од „Женева-2“

САД не очекуваат големи резултати од конференцијата „Женева-2“ за решавање на конфликтот во Сирија, изјавила портпаролката на американскиот Стејт департмент Мари Харф, цитирана од „ИТАР-ТАСС“.

„Никој не очекува дека сите прашања ќе бидат решени во рамките на следните 24 или 48 часа. Сепак, ние веруваме дека постои можност да се постигне напредок во вкупните перформанси на коминикето од ‘Женева-1’“, појаснила Харф.