Вашингтон: Средба Меркел-Обама, украинското прашање на маса

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Вашингтон каде денеска ќе разговара со американскиот претседател Барак Обама, два дена пред самитот на четворката во Нормандиски формат во Минск за начините за решавање на украинската криза.

Во момент кога се интензивираа судирите во источниот дел на Украина, Вашингтон потврди дека ќе застане до Европа откако претходно се појавија несогласувања.

Меркел исклучи испраќање оружје во Украина и побара дипломатско решение.

Врз Обама е зголемен притисокот на официјални лица од Вашингтон кои поддржуваат некаков облик на неопходна воена поддршка за Киев, наведува Би-Би-Си.