Вашите ВХС касети може да вредат многу

Оние што ги уништија плочите од познатите музичари воопшто и не помислувале дека денес би можеле да добијат добра сума пари за нив, а истото тоа би можело да се случи и со ВХС касетите.

Вашите стари видео касети, ако сеуште ги имате би можеле да вредат многу пари. Се надеваме дека не сте меѓу оние што ги фрлиле во ѓубре.

Експертите веруваат дека ВХС касетите ќе им се придружат на винилните плочи. Со текот на времето почнале да исчезнуваат од обичните домови, а голем број клубови се затворени. Исто така, касетите веќе долго време не се во центарот на вниманието и веќе предизвикуваат носталгија.

Дејвид Џинкс им порача на сите да ја научат лекцијата и да се присетат на винилот затоа што голем број отфрлени плочи денес вредат многу. И при тоа се мисли повеќе на сентименталната вредност.

– Поголемиот број луѓе кои што го купија оригиналниот „The White Album“ од Битлси го слушаа се додека не го уништија, а незнаеја дека во иднина тој би можел толку многу да вреди. Сега оригиналната верзија вреди и до седум илјади фунти, вели Џинкс.

Според него видео касетите денеска се подеднакво минливи како плочите и брзо исчезнуваат од нашите домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.