Василевски: Наместо Шилегов да дава 5 милиони евра за дислокација на галиите, да даде 4 милиони на Аеродром за нови градинки и средно училиште

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше планирано да се изгради ново средно училиште во општина Аеродром и дополнително да се изградат четири нови градинки на веќе постоечки локации и една комплетно нова во Долно Лисиче, а сево ова чини вкупно четири милиони евра, рече Васко Василевски од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

„Ова се големи проблеми истовременоо и потреби на граѓаните кои можат да се решат, само треба да се одвои четири милиони евра. Па така, наместо Петре Шилегов од народни пари да дава пет милиони евра за дислокација на галии за кои не е дадено ниту денар да се направат бидејќи тие се на приватни сопственици, нека одвои и нека даде четири милиони на општина Аеродром да се реализираат проектите за нови градинки и ново средно училиште“, рече Василевски.

Обвини дека во изминатите сто дена на фунцкиите градоначалникот на општина Аеродром,  Златко Марин од СДСМ, како и неговиот сопартиец градоначланик на Скопје, Петре Шилегов, немале никвава активност.

„Еден единствен проект не реализираа. Едниот си беше две недели на ракомет во Загреб, другиот пак граѓаните на Аеродром не можат да го најдат“, посочи претстсвникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Василевски оцени дека станива збор за класично недомаќинско и расипничко работење, а оти Шилегов е подготвен пет милиони евра да фрли во вода, а не е кадарен да реализира проекти кои им се неопходни на граѓаните.

„Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа да не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите, или ако си заработил. Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов“, посочи Василевски .