Василевски: СЈО e селективно и сака да наметне страв

СЈО е селективно и сака да наметне страв кај обичниот граѓанин. Ги охрабрувам дека ништо не може да им се случи, ова е демократска држава и не може ништо да им се случи, вели пратеникот Сашо Василевски, кој денеска беше гостин во Дневникот на О2, регионална телевизија во Охрид.

-Законот е јасен и вакви работи нема да се дозволат- да се влегува во домови, да се тропа по врати во 22:00 и 23:00 часот навечер и во 5:00 и 6:00 часот наутро. Доставница за судски распит, без разлика дали си осомничен, дали си сведок, може да го даде исклучиво судски службеник, а не полиција, не е ова фашизам. Полиција може да тропа на врата ако сте осомничени за убиство или за тежок криминал, ако бегате, но луѓето да се вадат по пижами, со комбиња, со полициски коли, стварно е многу непријатно. Но, така им било наредено на полицајците.

Граѓаните кои денеска мирно протестираа во Охрид, реагирале дека од просториите каде биле вработените од СЈО, ги фотографирале.

-Кое е правото да снимаат преку ролетни, луѓе кои се домаќини и авторитетни личности во Охрид. На денешниот протест тоа беа охриѓани кои во изминатиов период донирале и ќе донираат, тоа е наше право, донацијата е дозволена во Законот, додаде Василевски.