Василиј ги ослепил Самоиловите војници оти бил геј

Режисерот Антонио Митриќески е во засилени подготовки за следниот негов филм спектаклот „Цар Самоил“ кој, како косценарист, го работеше со Венко Андоновски, а со најголемата ставка од 500 илјади евра е поддржан од Агенцијата за филм, пишува весникот Вест.

Филмот „Цар Самоил“ е потресна и трагична приказна за еден цар, а низ неговата судбина би се согледала и судбината на еден народ во трагичниот период на неговата историја…

– Филмот треба да не поврзува, има благородна порака, нема намера да повреди чувства на други, баш напротив, ќе има општа цивилизациска вредност, вели Митриќески за Вест.

Митриќески објаснува дека во филмот ќе биде опфатена приказната за тоа како Самоил ја создава својата монархија, како е крунисан за цар во Охрид, во црквата „Св. Софија“ каде што и тој самиот рекол: „Јас немам други непријатели, имам само еден непријател тоа е Василиј Втори“.

Инаку, како што појаснува Митриќески, филмот за Самоиловата држава има големи временски скокови, затоа ќе биде прикажана преку стариот рапсод, кој е слеп, патува низ пределите на Македонија, заедно со ослепените 14 000 војници. Рапсодот ги раскажува клучните, главните случувања во прикаската. Филмот ќе се снима следната година во Преспа, Охрид, Прилеп, во Струмица и на планината Беласица. Освен Србија, засега можни копродуценти се Англија и Канада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.