Македонија

Василис Фусиас: Позицијата на Атина за името ќе остане иста

Василис Фусиас: Позицијата на Атина за името ќе остане иста

Во моментов не може да се очекува некоја промена во спорот за името меѓу Македонија и Грција, затоа што СИРИЗА ќе им даде приоритет на преговорите за долгот на земјата, вели Василис Фусиас, професор по меѓународна политика од Универзитетот источен Лондон.

Тој смета дека позицијата на Атина ќе остане иста. – За жал, СИРИЗА наследи многу лоша политика во врска со ова прашање. Но, ако ја видите позицијата за спорот на сите главни лидери во оваа партија ќе видите дека тоа се антинационалистички позиции, што значи дека ќе му биде даден приоритет на пријателството меѓу „Славомакедонците“ и „грчките Македонци“, а не на тоа дали Александар Македонски бил Македонец или Грк и слични глупости. Оттука постои надеж за спорот на името врз една антинационалистичка платформа, но во моментов работите ќе останат какви што се, зашто приоритетите се други, изјави професор Фусиас за Радио Слободна Европа.