Вашингтон блокирал руски активи во САД со стотици милиони долари

Американските власти замрзнале руски средства во САД во износи од стотици милиони долари во рамките на санкциите против Русија, се наведува во текстот од говорот на заменикот-министер, Сигал Манделкер, која се подготвува за сослушување пред Комитетот за финансии при Сенатот, дознаваат медиумите.

На овие сослушувања се разгледува американската политика на санкции против Русија. Манделкер инаку ја надгледува борбата против тероризмот и финансиското разузнавање.

„Активностите на Министерството за финансии имаа опширни последици за финансиските итереси на засегнатите физички и правни лица, вклучувајќи го и блокирањето на руските активи во износ од стотици милиони долари во САД“, се вели во извештајот.

Последиците од американските економски ограничување „се чувствуваат подалеку од засегнатите организации и лица“, смета Манделкер.

„Западните санкции, а потоа и геополитичките тензии го зголемија нивото на несигурност и спречување на домашни и странски приватни инвестиции во Русија. Во енергетскиот сектор нашите санкции ограничија важни инвестиции во истражувањата… проекти, неопходни за зголемување на обемот на добивање нафта и гас во Русија. Генерално, странските директни инвестиции во Русија паднале од 2013 година за повеќе од 5 отсто, со значителен пад на директните инвесици од САД, кои од 2013-та паднале за 80 отсто“, се наведува во извештајот.

Според Менделкер, исто така, директните инвестиции во Русија од страна на другите големи економии се намалиле во истиот период, а Москва ги зема предвид овие последици. Додала дека САД ќе ја продолжат политиката на санкции против Русија „доколку Москва не го измени своето однесување“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.