Вашингтон ја обвини Москва за хакерски напади

Вашингтон за прв пат отворено ја обвини руската влада дека стои зад компјутерски напади во кои хакерите успеале да влезат во системите на исклучително осетливи инфраструктури во САД, како што се нуклеарни централи и водоводи.

Според извештајот на експертите за информатичка безбедност, кој бил презентиран на американското министерство за татковинска безбедност во средата, информатичари на руската влада во најмала рака од март 2016 година биле насочени кон важни американски инфраструктури, како што се енергетиката, нуклеарните постројки, стопански објекти, водоводи воздухопловстото и осетливи точки на фабричкиот сектор.
Објавување на извештајот се поклопува со соопштението на администрацијата на Доналд Трампза за низата санкции кон поединци од Русија и фирми како одговор на вмеша
Информатичките напади во 2016 година во САД предизвикале штета во износ од 57 до 109 милијарди долари, информираше Белата куќа во јануари годинава, за кои се осомничени хакери од Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.