Вашингтон објави стотици нови документи за убиството на Кенеди

Националниот архив на САД објави во петокот нова серија документи поврзани со убиството на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди, главно од доврливите архиви на Централната разузнавачка агенција (CIA).

Објавени се речиси 680 досиеја, меѓу кои и 553 досиеја коишто никогаш претходно не се објавувани, бидејќи CIA се спротоиставувала наведувајќи ја како причина за тоа националната безбедност.

Меѓу тие документи е и деталниот архив од обидите за регрутирање на советските дипломати за американски разузнавачки операции во странство, со транскрипции од телефонските прислушувања.

Во архивата објавена на интернет страницата на Националниот архив на САД се наоѓаат документи од министерството за правда, министерството за одбрана и парламентарната комисија којашто ја водела истрагата за убиството на Кенеде на 22-ри ноември 19673 година во Далас, во сојузната држава Тексас.

Комисијата заклучила дека станува збор за чин на поединец, Ли Харви Освлад, но тоа не го спречи множењето на теориите на заговор содржани во стоици книги и филмови, меѓу кои и „ЏФК“ на Оливер Стоун од 1991 година за ова убиство пропишувано на тајните служби на поранешниот Советски сојуз, Куба, мафијата па и дури и на тогашниот потпретседател Линдон Џонсон.

Експертите за афери и заговори во врска со убиството на Кенеди сметаат, меѓутоа, дека овие милиони страници нови документи од кои е симната ознаката за тајност, не содржат ниедно пресудно откритие.

Ова е трет пат од почетокот на годинава американскиот Национален арххив да објавува низа досиеја, во согласност со законот донесен од Конгресот во 1992 година со кој се бара сите документи поврзани со претседателот Кенеди да бидат објавени следните 25 години. Архивот веќе објави 3.810 досиеја на 24-ти јули, и уште 12.891 досие на 26-октомври.

Претседателот Доналд Трамп им даде на Централната разузнавачка агенција (CIA) и на Федералното биро за истраги (FBI) рок од шест месеци, до 26-ти април 2018 година да го оправдаат необјавувањето на преостанатите документи. Од двете агенции претходно објавија дека станува збор за околу 600 досиеја коишто се однесуваат на националната безбедност и сега, како и дека содржат податоци за личности кои сѐ уште се живи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.