Вашингтон подготвен за собирот на годишнината од крвопролевањата на Шарлотсвил

Во САД нема места а неонацисти, расисти и бели расисти, порача ќерката на претседателот Иванка Трамп пред одржувањето на собирот на белите националсти во неделата во Вашингтон на годишницата од безредијата кои завршија со смртта на едно лице и ранувања на уште 19, а кои тогаш нејиниот татко Доналд Трамп ги осуди, но му бешезабележувано дека тоа не го сторил недвосмислено.

Минатогодишните застрашувачки расистички немири во американскиот град Шарлотсвил, на собирот организиран под мотото „Unite the Righ“ (Обединување на десницата), беше еден од најголемите собири на расистите и неонацистите во САД изминатите години, а многумина од противниците му забележуваат на претседателот Доналд Трамп дека наводно никогаш јасно не ги осудил лицата кои марширале во градот со факели извикувајќи „Хајл Трамп“.

„Пред една година во Шарлотсвил бевме сведоци на демонстрација на омраза, расиам, нетрпеливост и насилство“, напиша на Twitter Иванка Трамп ноќта кон неделата по локално време.

Повод за минатогодишниот протест беше одлуката на градскиот совет на Шарлотсвил да ја отстрани статуата на генералот Роберт Ли (1807.-1870.) кој ја водел војската на Југот во американсата Граѓанска војна (1861.-1865.) поради што се мобилизираа белите расисти. Тогаш загина Хетер Хејер, а 19 лица беа поврдени кога неонацистичкиот сипматиер 20-годишниот Џејмс Фиелдс намерно со залета со автомобил во масата којашто протестираше против неонацистите и белите расисти.

Трамп лани на социјалните мрежи одговорноста за насилствата ја распредели на сите пишувајќи „Најстрого го осудуваме овој невиден излив на омраза, неподнесувањето и насилството од сите страни. Во Америка нема место за вакво насилство“, напиша Трамп по што беше подложен на критики од неговите, во прв ред демократски, противници.

„Иако Американците имаат среќа да живеат во земја којашто ги заштитува слободите, во прв ред слободата на говорот и различното мислење, во нашата земја нема место за белиот расизам, расизмот и неонацизмот“, појасна е овојпат Иванка Трамп.

Собирот во неделата квечерината, во 23,30 часот по средноевропско време, ќе се одржи на Плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, а се очекуваат и неколку контрапротести.

Се огласи и самиот Трамп пред собирот поррачувајќи во саботата „Минатогодишниот протесет во Шарлотсвил заврши со бесмислен смртен исход и поделби. Како нација мораме да се обединме. Ги осудувам сите видови расизам и наслиство. Мир за СИТЕ Американци!“.

Властите ветија силно полициско происуство на улиците за да се избегне насилство. Локалната полиција ќе соработува со сојузната, а високо ниво на приправноста се очекува во целата американска сојузна држава Вирџинија, каде се наоѓа Шарлотсвил.

Овој град е оддалечен од Вашингтон околу 200 километри и не сака повторување на ланските трагични наслови. Бојните демонстранти се гневни на силните полициски единици распоредени по Шарлотсвил и извикуваат во неделата „Полицијата и Кланот рака под рака“, бидејќи полицијата минатата година не успеа да го спречи насилството.

Градоначалникот на Вашингтон го осуди одржувањето на „Unite the Right 2“, но сепак оцени дека мора да се почитува правото на слобода на говорот. Социјалната мрежа Twitter пред почетокот на маршот привремено отстрани сметки на некои екстремни десничари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.