Вашингтон прифатил безмалку 85.000 бегалци во 2015 година

Седумдесет и два отсто од тие луѓе се жени и деца. Во САД пристигнале вкупно 84.995 бегалци од 70 држави. Седумдесет отсто од нив се од пет држави – ДР Конго, Сирија, Мјанмар, Ирак и Сомалија.

САД имаат план да прифатат 110.000 бегалци за следната фискална година.

Во меѓувреме, Апелациски суд отфрли жалба на републикански гувернер од Индијана за запирање на исполнување на негова наредба, забрана за населување на сириски бегалци во неговата држава. Мајк Пенс е кандидат на партијата за потпретседател на изборите во ноември.