среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 54

Вашингтон тајмс: Клинтон е во трка со Путин, не со Трамп

Слушајќи ја деновиве Хилари Клинтон, секој може со право да заклучи дека нејзиниот главен ривал во изборната трка е рускиот претседател Владимир Путин, а не Доналд Трамп, тврди денеска весникот „Вашингтон тајмс“.

133376785

Поврзани вести

Во текстот за натпреварувањето на демократската кандидатка за Белата куќа и нејзиниот републикански конкурент, весникот за Клинтон наведува дека”„дамата, секако, многу верува во теории на заговор“.

„Некогаш сите нејзини проблеми беа резултат на некаков безочен огромен заговор на десничарите, но сега кога се наоѓа во трка за „лидер на слободниот свет“, таа се соочува со уште „побезочен меѓународен заговор чија база е во Москва и ја води господинот Путин“, наведува „Вашингтон тајмс“.

Весникот понатаму тврди дека „кога Викиликс ја демаскира за тоа дека Демократскиот национален комитет и бил повеќе наклонет во текот на внатрепартиските избори, на кои ривал и беше Бернард Сандерс, таа знаеше кого да обвини: господинот Путин“.

Весникот изнесе и други примери за кои смета дека го потврдуваат ова тврдење, споменувајќи и приказни дека „милениците на претседателот на  Русија можеби подготвуваат хакирање на изборните машини на денот на изборот за да ги украдат гласовите“.

Најчитани вести