Вашиот стилист не сака да ги знаете овие работи за гел техниката

Долгите, сјајни нокти што не се кршат и постојаниот лак што трае со недели е сон на секоја девојка што пред неколку години конечно стана вистински. И да секако дека е премногу добро за да биде вистинито.

Дали УВ зраците на лампата се опасни?

За време на маникирот со гел техника раката се става во лампа со ув зраци и по неколку пати, но само на неколку минути, така што изложеноста на било каква опасност не е голема. Сепак ако сте почнале да ја практикувате оваа техника на маникир рано, пред 20-тите години во животот, па и во 20-тите и во 30-тите, а со години ја употребувате тогаш постои причина за страв.

Во Америка се регистрирани два случаи на рак на кожа поврзани со редовната употреба на УВ лампа.

За да го избегнете секој можен ризик, потребно е пред секој третман рацете да ги намачкате со крема за сончање со заштитен фактор од УВ зраци.

Исушени, кршливи нокти, склони на кршење

Ова веројатно се сите последици во пакет што може да им се случат на вашите нокти по честа употреба на гел техниката.

И тоа е крајно очекувано, затоа што самиот процес на вадење на гелот воопшто не е наивен и сосема е логично да им штети на ноктите, без разлика дали се работи за стругање на гелот или за ацетонот што ја симнува оваа хемикалија што буквално е запечатена во вашите нокти.

Оштетувањето е неминовно, но доколку гел техниката не ја користите зачестено и ги негивате и ги храните вашите нокти со креми и витамински масла, тогаш не спаѓате во онаа група на дами што можеби и неповратно ја оштетиле површината на нивните нокти.