Васкез е првото засилување за “кралевите” во ерата на Бенитез

Реал Мадрид на својот официјален веб сајт соопшти дека клубот го комплетирал потписот на Лукас Васкез од Еспањол.

Крилниот фудбалер е производ на младинската школа на “кралскиот клуб”, но не успеа да се пробие во првиот тим под водство на Карло Анчелоти, поради што минатата сезона замина во тимот на Еспањол.

Претседателот на Еспањол, Хоан Колет пред неколку дена изјави дека двата клуба постигнале договор околу финансискиот дел од трансферот, кој се верува дека е околу 1 милион евра, со што Реал ја искористи клаузулата за ре-потпишување и го врати назад во своите редови.

Фудбалерот потпиша договор со траење од пет години, со што стана првото засилување на новиот тренер Рафаел Бенитез.

За време на својот престој во Еспањол, Васкез постигна три и асистираше при шест погодоци во вкупно 33 настапи за каталонскиот клуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.