Васко Ефтов до СДСМ: Зарем намерно си пукате во нога?

Покрај од страна на Саше Ивановски – Политико, присуството на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и останати видни фунционери на СДСМ во новиот МНТ, наиде на остра реакција и од останати поддржувачи на опозицијата.

Новинарот Васко Ефтов пишува дека цели шест години опозицијата на чело со СДСМ зборува за Скопје 2014 како огромна перална на пари и како проект со кој се менува идентитетот на македонската држава. Тој го прашува врвот на СДСМ дали “намерно го прават ова или не дај боже се уценети од власта со разни кирии и слични тракатанции“.

eftov-nova

-Зошто ја газите веродостојноста на се она што сте го кажувале во изминатите шест години. Како утре ќе зборувате во Делчево или во Росоман за Скопје 2014 како најголем криминал на власта, а сопругот на заменичката во бисерот на Скопје 2014 прави гранде прослава, Просто не ми се верува- како некој намерно да си пука во нога, пишува Ефтов.

Ваквото размислување на Васко Ефтов и се допаѓа на поранешната шефица на Кабинетот на Црвенковски, Наташа Савова. Забавата на „Дајнерс“ во новиот МНТ покажа скап гламур и елитизам на социјалдемократите. Елитна ВИП забава, шампањско, скапо вино… прослава на која можеа да се видат во скапи тоалети и смокизни на луѓето од раковоството на СДСМ. Радмила Шекеринска, Заев со сопругата, портпаролот Петре Шилегов, Дамјан Манчевски Кире Наумов беа дел од гостите и прославува доцна во ноќта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.