14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Васко Ефтов со порака до „шарените првоборци“

По многубројните и бурни реакции на социјалните мрежи, а по повод последната емисија „Во центар“ на Васко Ефтов во која гостуваше в.д. на Драмски театар, Сашо Тасевски, и кој го напушти студиото среде емисија, се огласи и Ефтов на својот Фејсбук профил.

-Да резимираме: До неделата имавме една ситуација кога „шарените првоборци“ кажуваа дека не сакаат да гостуваат на телевизиите и медиумите кои не се под нивна контрола за да не им даваат легитимитет. Од неделата наваму имаме сосма друга ситуација-Еден од нив гостуваше на медиум кој не е под нивна контрола и избега од интервјуто. Од неделата наваму секое нивно непојавување на медиум што не е под нивна контрола ќе значи страв од соочување со јавноста. Од ловци, тие ќе станат „ловина“. Ќе ги ловат за да ги прашаат-зошто го менувате името, зошто ја укинавте историјата на еден народ, зошто воведувате втор службен јазик, зошто ги продадовте своите принципи за некоја фотелја. Тие тоа го знаат и затоа се така пеплосани. Ќе можат да се силат, да апсат и денунцираат но нивниот меден месец истекува. Не треба да биде некој политички експерт за да може тоа да го разбере. Можат да го пролонгираат нивното политичко траење но не можат да ја спречат нивната политичка агонија!.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.