Ватикан бара прекин на судирите во светот за време на финалето на СП

Ватикан денеска побара сите вооружени судири да бидат прекинати за време на мечот од финалето на Светското фудбалско првенство меѓу Германија и Аргентина.

Советот за култура на Ватикан предлага за време на финалето на Мундијалот да се прогласи „Пауза за мир“ со што ќе им се оддаде почит на сите загинатите во воени конфликти.

Спортските настани претставуваа момент на мир, момент во кој војувањата треба да престанат, правило што датира уште од деветиот век п.н.е. за време на Олимписките игри,  се наведува во соопштението на Советот.

Ватикан побара и финалниот меч да започне со минута молк во сеќвање на жртвите на судирите, но засега нема реакција од ФИФА на ваквото барање.