Ватикан донирал 100.000 евра за зачувување на логорот Аушвиц

Сто илјади евра вредна донација од страна на Ватикан за зачувување на нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау.

Одговорните за објектот се обидуваат да соберат 120 милиони евра, при што досега се обиделе да снабдат 102 милиони евра, соопшти Фондацијата Аушвиц-Биркенау на својата Интернет страница.

Нејзиниот претседател го коментира предлогот на Ватикан како „многу важен сигнал“.

Државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин изјави дека „скромната сума“ е „израз на целосната поддршка за проектот на Фондацијата Аушвиц-Биркенау“.

Околу 1,1, милиони лица, повеќето Евреи, беа убиени во нацистичкиот концентрационен логор во Полска за време на Втората светска војна.