Ватикан објави на Твитер графит на папата како Супермен

Советот за социјални комуникации на Ватикан на Твитер објави фотографија од графит, кој се појавил на ѕид од зграда во Рим, а на кој е исцртан Папата Франциск во поза на популарниот филмски лик Супермен.

Папата, облечен во бело, е исцртан во полетување како Супермен. Десната рака, со стисната тупаница, му е испружена нанапред во воздух, а во левата држи чанта со натпис на „вредности“ („valores“ на латински).

На твитот било напишано: „Споделуваме со вас графит, кој се појави во Рим, во близина на Ватикан“.