Балкан

Ватикан одбива да го признае Косово?

Ватикан одбива да го признае Косово?

Претседателката на Косово Атифете Јахјага се обидела за време на приватната посета на Ватикан да го убеди папата Франциско да ја признае независноста на Косово, но безуспешно, пишуваат денес српските медиуми.

За време на приемот кој траел 40 минути, Јахјага го известила папата дека Косово досега е признаено од страна на 108 земји и изразила надеж дека и тој ќе ја поддржи независноста на Косово. Таа изразила голема благодарност до Ватикан за нивната улога во тешките времиња за Косово.

Иако во извештаите никаде не се нагласува како реагирал папата на барањата на Јахјага, што би можело да резултира со повеќекратно признавање на Косово од страна на латиноамериканските земји, во надбискупијата во Белград тврдат дека Ватикан во моментов не размислува за признавање на Косово.

фото: BETA