Ватикан: Поддршката на Ирска за истополовите бракови е „пораз за човештвото“

Гласањето во Ирска за поддршка на истополовите бракови е „пораз за човештвото“, изјави државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин, објави МИА.

– Тоа беше не пораз на христијанските принципи, туку пораз на човештвото. Бев многу натажен од тој резултат – изјави Паролин во првата реакција на високо ниво на Светата столица по повод референдумот во Ирска минатата седмица.

Според него, исходот од гласањето покажува дека Црквата треба да ги подобри начините, на кои го проповеда христијанството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.