Македонија

Ваучери за најдобрите млади програмери

Ваучери за најдобрите млади програмери

Агенцијата за млади и спорт денеска ќе им ги додели ваучерите на најдобрите млади програмери избрани на натпреварот што го организираше Здружението на информатичари на Република Македонија.

Натпреварот беше поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а се спроведе во пет циклуси – училишни, регионални, на државно ниво, како Македонска олимпијада по информатика и Дополнителен избор натпревар, при што е одлучено да бидат доделени пет награди на најдобрите учесници.

Тие ќе ја претставуваат Македонија на Балканската и Меѓународната Олимпијада.