Важни победи на загрозените клубови во Серија А

Во претпоследното 37-мо коло од италијанското фудбалско првенство тимовите коишто се борат за опстанок во Серија А дојдоа до важни бодови, па спасот во елитното натпреварување ќе го бараат во последните 90 минути.

Фудбалерите на Удинезе ја остварија првата победа по три ипол месеца, совладувајќи ја како гостин Верона со 1:0. Голот за важните три бода го постигна чешкиот играч Барак во 20 минута од мечот. Удинезе сега има 37 бодови, односно коло пред крајот на првенството има два бода повеќе од 17-от СПАЛ и 18-то Кротоне.

Важни бодови во борбата за опстанок остварија и Киево и Каљари. Киево како гостин ја совлада Болоња со 2:1 (0:1), додека Каљари, исто така, како гостин беше подобар од Фиорентина 1:0 (1:0).

Во Болоња поведе домаќинот преку Верди од пенал во 12 минута, но во продолжувањето Киево направи пресврт преку Џакерини во 48 и Инглесе во 60 минута.

Каљари до важната победа во Фиренца стаса со голот на Паволети во 37 минута година.

Киево со оваа победа скокна на 14-то место со 37 бодови, Каљари е 16-ти со 36 бодови. Од друга страна Фиорентина со неочекуваниот пораз остана на осмото место со 57 бодови, додека Болоња пак е 13-та со 39 бодови.

Близу победата беше и СПАЛ кој во Торино поведоа со голот на Граси во 22 минута, но домашните сепак направија пресврт преку Балотели со 69 и Де Силвестри со 87 минута.

Кротоне на домашен терен водеше со 2:1 против Лацио до 84 минута, но на крајот освои само бод. Гостите од Рим поведоа со голот на Лулиќ од пенал во 17 минута, домашните израмнија преку Симиа во 29 и Чекерини во 61 минута, но Милинковиќ-Савиќч во 84 минута ги постави конечните 2:2.

Четвртиот Лацио сега има 72 бодови, три повеќе од петтиот Интер и овие два клуба во последното коло во меѓусебен дуел ќе решаваат за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Од лигата уште порано испаднаа Беневенто и Верона, додека последниот патник во Серија Б ќе го решаваат натпреварите Каљари – Аталанта, Киево – Беневенто, Удинезе – Болоња, Наполи – Кротоне и СПАЛ – Сампдорија.

Подоцна вечерва се играат мечевите Аталанта – Милан, Рома – Јувентус и Сампдорија – Наполи во кои се решава за горните места на табелата.