ВБА ќе биде новата жртва на Дејвид Мојс

Најголемиот виновник за можеби најлошата сезона во поновата историја на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс моментално важи за прв фаворит кога е во прашање менаџерската функција во редовите на премиерлигашот од Бирмингем, ВБА.

Англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека раководните лица на ВБА оствариле контакт со агентот на Мојс кој ги информирал дека неговиот клиент е расположен за соработка.

За разлика од претходната сезона, кога не ги исполни зацртаните цели, одбрана на шампионската титула и пласман во полуфиналната рунда од Лигата на шампионите, Мојс како менаџер на ВБА ќе има само една задача, да обезбеди што е можно порано опстанок во елитното друштво.