Вчера го затворивте „Фени“, денес лицемерно отворате фабрика во Прилеп

Груевски се подготвува утре да го промовира победничкиот тим за локалните избори, додека Заев веќе три дена не може да се раздели од Трамп, заедно се дискутираат за проблемите на земјоделците, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија на денешната седница во законодавниот дом.

-Дури и нему вака му пренесол „Треба да им кажеме дека оваа година немаш бе братче субвенции, оти си на ист обем од производството од лани“, му дал предлог на Трамп за американските земјоделци во тие преговори на 16.09. Носете политички, но не противуставни одлуки. Граѓаните очекуваат повисоки субвенции, подобар живот, нови работни места. Вчера го затворивте „Фени“, денес лицемерно отворате нова фабрика во Прилеп, дело на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек што го затвори „Фени“, денес отвора нова фабрика и се гордее дека направил нешто за македонската економија. Тоа е СДСМ, вели Стевананџија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.