Вчера не се издадени потврди за барање азил

Издадени нНе се издадени нови потврди за барање азилови 293 потврди за азил
Не се издадени нови потврди за барање азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.01.2016 година, не се издадени потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 20.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 35.917 странски државјани, од кои 15.106 се од машки пол, 7.726 се од женски и 12.984 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 17.922, Авганистан – 11.448 и Ирак – 6.544.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.