Македонија

Вчера влегле 163 деца од кои 25 без родител

Вчера влегле 163 деца од кои 25 без родител

На територијата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден влегле 163 деца од кои 25 без родител.

Покрај информацијата дека на територијата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден влегле 163 деца од кои 25 без родител, МВР информира дека во периодот од 08,00 часот на 21.08.2015 до 22.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 826 странски државјани, од кои 649  се од машки пол, 152 се од женски.

На овие лица, врз основа на законските измени за азил издадена им е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Досега издадени речиси 42.500 потврди за барање азил
Досега издадени речиси 42.500 потврди за барање азил

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-737, Ирак-42, Авганистан-12, Бангладеж–шест, додека другите се во помал број. Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Република Грција, без никаква контрола, голем број на илегални мигранти сеуште вршат притисок за влез во земјава, соопштуваат од МВР.

Досега издадени речиси 42.500 потврди

Во периодот од нешто повеќе од два месеци, односно од 19.06.2015 до 22.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 42.421 странски државјани, од кои, 29.321 се од машки пол, 5.904 се од женски, 6.718 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 631 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-34.346, потоа Авганистан-2.085, Ирак-1.990, Пакистан-1.208, Сомалија-562, Палестина-560, Конго-301, Бангладеж-251, Нигерија-142, Камерун-140 Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Мигранти на железничката станица во Гевгелија, фото: МИА
Мигранти на железничката станица во Гевгелија, фото: МИА

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.08.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, соопштуваат од МВР.

Хуманитарна и медицинска помош од Црвениот крст

Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите, фото: МИА
Црвениот крст со медицинска и хуманитарна помош за мигрантите, фото: МИА

Во текот на вчерашниот ден до 19.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажале прва помош на околу 80  лицa на граничните премини Табановце и Гевгелија. До 19.00 часот, дистрибуирано е хуманитарна помош во: 700  шишиња вода, 120  пакети со храна, 50  индивидуални хигиенски пакети, 50  пакети за прва помош, 80  пелени, 60  кебиња, 20 пакети за бебиња.