Вчера два напади во Скопје: Малолетник претепан пред „7-ца“, возач удиран со шпики и стaпови

Во текот на вчерашниот ден се случиле два напади во Скопје, во првиот пред сендвичарата „7-ца“ бил претепан малолетник, а во вториот насилници со шипки нападнале скопјанец во неговиот автомобил.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 22 часот, 17-годишниот И.С. бил нападат од неколку лица пред сендвичарата „7-ца“ во Скопје.

И.С. успеал да влезе во сендвичарата, но насилниците влегле по него и повторно физички го нападнале, при тоа заманувајќи со нож кон него. По преземени мерки едно лице е приведено, се работи  на целосно расчистување на случајот.

Истиот ден, половина час пред полноќ, додека се возел, насилници го нападнале 26-годишниот Ј.Ф. од Скопје.

Насилниците ја отвориле вратата од возилото во кое се наоѓал оштетениот и со шипки и стапови почнале да го удираат по главата и телото.

По преземени мерки и активности од страна на скопската полиција утврден е идентитетот на две лица Д.В.(26) и Ј.М.(20) двајцата од скопското село Сарај.

Полицијата работи на расчисти двете насилства.