Вчера осомничен за убиство, денеска пронајден мртов на гробишта

Педесет и седумгодишниот Перица Вулетиќ се самоубил пукајќи си во главата на централните гробишта во Блеград.

Вулетиќ беше осомничен за убиството на триесет и тригодишниот Бојан Смиљковиќ, кој му беше телохранител на српскиот бизнисмен Предраг Ранковиќ.

Никој не може да ја исклучи можноста дека станува збор за наместена сцена, со оглед на тоа дека и вчера убиениот Смиљковиќ и е добро познат на полицијата, а бил осуден и на затворска казна откако од автомобил пукал на заштитен сведок.